Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Дали навистина нехигиената ги крена на нозе и специјалците на АРМ за реакција во зградата во Скопјанка

(ФОТО) Дали навистина нехигиената ги крена на нозе и специјалците на АРМ за реакција во зградата во Скопјанка

По акцијата која на нозе го крена речиси цел Аеродром по полноќ се вратија во своите домови .

Меѓутоа, дел од нив се уште не веруваат во приказната дека токму нехигиената во станот 11 каде живееле две жени од кои едната била 90 годишна старица е причината поради која мораше да реагираат и специјалците на АРМ.


Шилегов со видео ги убедуваше станарите дека екипите во еден од становите каде живееле две жени, пронашле просторија со искористени мелни пелени, меѓутоа на новинарски екипи не им беше дозволено да дојдат до станот и сами да се уверат.

Меѓу станарите имаше и такви кои тврдеа дека двете жени и претходно правеле проблеми а пред неколку години имало и пожар.

Покрај станот со нехигиенски услови, во подрумот на истата зграда се дозна дека живеел и бездомник каде имало десетици шишиња полни урина. Станарите како што потврдија за Фактор знаеле дека бездомникот живее таму и не реагирале од хумани причини, но на крај памет не им паѓала таква мисла.


Миризбата на амонијак службите ќе ја сузбијат со чистње на целиот стан а ќе биде дезинфицирана и целата зграда.

Службите ќе го исчистат станот од којшто произлегла миризбата на амонијак и ќе ја дезинфицираат целата зграда. Социјалните служби се известени за двете жени коишто живеат во станот и ќе преземат мерки за да им помогнат.


Слично

Поврзани вести