(ФОТО) Црна Гора не претрка во вакцинирање, Македонија се уште ја нема на табелите
Иако во Македонија досега се пристигнати 8.190 дози, а вакцинацијата против Ковид-19 започна уште на 17 февруари, нашата земја се уште ја нема на светските ранг-листи помеѓу земјите кои ја започнале имунизацијата.
На табелата на „Блумберг“, која е најажурна кога станува збор за водењето на статистика по бројот на администрирани дози на вакцините по пријавените податоци од секоја земја посебно, како и на сите останати светски платформи, и денеска ја нема Македонија.
Истата покажува дека Црна Гора, која започна со вакцинирање пред пет дена откако доби 2.000 дози донација од Србија од вакцината „Спитник V“, до денешниот датум има 665 вакцинирани, додека Албанија веќе има 9.104.
Последна земја која го започнала вакцинирањето е Украина со 10 примени дози.

