(ФОТО) Ципрас доцна синоќа испратен на скопскиот аеродром. Кој беше „најтрогнат“ од неговото заминување?
Грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа до доцна се дружеше со функционерите од македонската Влада при неговата историска посета на Скопје и на крај, како што дојде, така беше испратен на аеродромот во вечерните часови.
Бујар Османи, вицепремиерот за евроинтеграции, и Сухејл Фазлиу, министерот за локална самоуправа, објавија фотографии со пораки до следно видување.
„Пријателство, добрососедство и соработка“, напиша Фазлиу под фотографијата на својот профил на Фејсбук.
„Добар пат! Еден ден што ќе биде запаметен!“, гласеше статусот на Османи.


Слично
