Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Чомбе и испрати рози и „срценца“ на Силјановска

(ФОТО) Чомбе и испрати рози и „срценца“ на Силјановска

Ѓорѓи Галетановски, главниот теренски активист за Скопје на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, и испрати Бајадера и рози, како и писмо со „срциња“ на противкандидатката Гордана Силјановска Давкова.

Ваквиот гест на популарниот Чомбе следува откако Силјановска претходно тврдеше дека добила навреди од него дека „е за во Бардовци“, а и денеска кога професорката беше во изборниот штаб на Пендаровски напиша дека тој не бил таму за да ја пречека.

„Почитувана професорке г.с. Кандидат за претседател мора да знае дека работното време на државната администрација е од 08 до 16 часот. Ова е мало внимание од нас за вас. Уште еднаш извинете што не се видовме, и се гледаме на кафе во недела во 21 часот. Ѓорѓи Галетановски-Чомбе“, гласи во пораката што директорот на скопската ЗОО ја испрати до Силјановска.


Слично

Поврзани вести