(ФОТО) Четворица повредени, сообраќајка со превртено возило на мостот Гоце Делчев во Скопје
Во сообраќајна несреќа помеѓу два автомобила вечерва пред мостото Гоце Делчев во Скопје повредени се четворица патници кои се пренесени во комплексот клиники Мајка Тереза.
МВР потврди дека во сообраќајката учествувале две возила, од кое едното уште стои превртено кај мостот.
-На 15.10.2024 околу 20.55 часот е пријавено дека на бул Гоце Делчев на кракот со улицата „Лазар Личеновски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило “шкода” со скопски регистарски таблички и патничко возило “бмв” со скопски регистарски таблички. Возилото “шкода” се превртело и се запалило. Четири лица се пренесени во Клинички Центар Мајка Тереза за укажување на помош“, објави полицијата.
Сообраќајот беше пренасочен кратко време , а сега се одвива во една коловозна лента, информираат од МВР.



