Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Центар ги тргна дивите тезги од „Зелено пазарче“

(ФОТО) Центар ги тргна дивите тезги од „Зелено пазарче“

Комуналната инспекција на Општина Центар денес интервенираше во просторот околу Зелено Пазарче и ги тргна дивите тезги поставени на приодите кон зградите и „Зелено пазарче“ кои со години претставуваа нелојална конкуренција и го узурпираа просторот.

„Дивите препродавачи на производи се дислоцирани, а пешачките улички и патеки во околината се повторно слободни и проодни“, објави Саша Богдановиќ, градоначалникот на Општина Центар.

Богдановиќ апелираше до сите препродавачи да се придржуваат до одредбите за користење на јавната површина и дека производите ќе им бидат одземени, а согласно законите ќе им биде изречена парична глоба.

Слично

Поврзани вести