Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Бујар Османи и Али Ахмети не се откажуваат од лопатата

(ФОТО) Бујар Османи и Али Ахмети не се откажуваат од лопатата

Иако фрлањето лопати за почеток на изградба на објекти од секаков тип беше одлика на претходната власт, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, не се откажуваат од таквата пракса на која се гледа како на популистичка.

Овој пат, Ахмети и Османи го означија стартот на изградбата на новата трибина на стадионот во Чаир, а меѓу присутните беше и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, како и новиот вицепремиер Садула Дураку.

„Старт на темелите на новата трибина на стадионот Фк Шкупи. Честитки до клубот, Фудбалската федерација, општината, клубовите, спортистите. Кажано, сторено!, напиша Османи на својот профил на Фејсбук.


Слично

Поврзани вести