(ФОТО) Богдан Илиевски со песна ја слави амнестијата
Богдан Илиевски е меѓу последните тројца за кои обвинтелството се изјасни позитивно во однос на аместијата за 27 април.
Оваа одлука на Кривичен суд , амнестираниот Илиевски кој ќе биде слободен граѓанин без да има обврска да се јавува во суд ја прослави со песна споделена на социјалните мрежи.
Познатиот хит „We are the Championes“ е песната која Илиевски ја сподели на Фејсбук. Меѓу постот тој цитира и неколку стихови во кои меѓудругото се вели: си ги платив долговите, време по време...не извршив криминал но направив неколку грешки...и ќе продолжиме да се бориме до крај...
Богдан Илиевски беше еден од организаторите на Иницијативата „За заедничка Македонија“ заедно со Владо Јовановски и Борис Дамовски кои исто така добија амнестија.
