Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Реновираните блокови В и Г во студентскиот дом “Гоце Делчев“ денес ги отвораат вратите

(ФОТО) Реновираните блокови В и Г во студентскиот дом “Гоце Делчев“ денес ги отвораат вратите

Во Студентскиот дом “Гоце Делчев“ денес ќе бидат отворени блоковите В и Г кои беа реновирани и сега се современо уредени внатрешни простории.

Токму таму денес премиерот Спасовски, министерот за образование Адеми и директорот на ДСД Николовски ќе бидат присутни кога ќе сеотворат вратите на реновираните блокови.


Проектот со изработка на мебел во брачните, двокреветни и апсолвентски соби, и за влезниот хол во Студентскиот дом „Гоце Делчев“, блок В и Г е изработен според барање и насоки од страна на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Комплетното уредување се однесува на 2 влезни хола, 16 брачни соби, 256 двокреветни и 64 апсолвентски. 

Проектираниот мебел е дизајниран според затекнатата реконструирана и адаптирана состојба на собите, задржан е иницијалниот функционален концепт, и обезбедени се основните услови за потребите на корисниците на собите. Секоја соба вклучува кревет, работна маса, работен стол, гардеробер, елементи за одложување на облека, предмети, постелнина и книги како и флексибилен стол. 


Влезните холови во блоковите се организирани како модерни, динамични катчиња за социјализација на студентите и средби со посетители. За таа цел избрани се декоративни и лесни столови за удобно седење, флексибилни и мултифункционални, изработени од трајни, квалитетни и лесно одржливи материјали. Столовите се формираат според избраната положба за седење, анатомски се обликуваат под телото, погодни се за сите возрасни групи. Масите се дизајнирани со прилагодена форма и височина за различен избор на седење, од лесна, метална конструкција и плоча од оплеменета иверка. Овозможено е брзо и едноставно креирање на катчиња, при групирања според определби на корисниците на просторот.

Сега останува на студентите да се грижат, да ги одржуваат и луваат новите простории.

Следна реализација е инвестицијата во големото реновирање на здрадата 1 и 2 во студентската населба “Стив Наумов”.

Слично

Поврзани вести