(ФОТО) БЛАГОДАРНОСТ: Градоначалникот им асфалтирал улица, беровчани му ја послале со рози
Жителите на Берово со музика, македонски ора и песни го пречекаа градоначалникот Драги Наџински, а во знак на благодарност што им ја асфалтирал улицата „Братство и единство“ пред него целата улица ја послаа со ливчиња од рози, објави порталот „Берово денес“.
Несекојдневниот гест на благодарност за градоначалникот, жителите на оваа населба го објаснуваат со фактот што 20 години чекале асфалт на улицата.
Асфалтирањето на оваа улица е дел од програмата за изградба на патишта и улици на општина Берово за 2014 година, и за неа се одделени 5,5 милиони денари, од кои 1 милион денари се од Министерството за транспорт и врски преку „Декадата на Ромите“, а останатите се од Буџетот на општина Берово.

Слично