(ФОТО) БИТОЛСКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ ЧИСТЕА УЛИЦИ: Наскоро, ќе почнат да го прават истото и останатите затвореници низ Македонија
Управата за извршување на санкции објави дека битолските затвореници почнале да чистат улици.
„Во рамките на Меморандумот за соработка со Управата за извршување на санкции и Македонија Пат, денес започна првиот заеднички ангажман на лица од КПУ Затвор – Битола, кои активно учествуваат во чистење и уредување на просторите покрај магистралниот пат“, соопштија од таму.
Велат дека во следниот период ќе бидат вклучени и затворениците од другите затвори низ Македонија
„Ова претставува значаен чекор кон подигање на јавната свест, одржување на чиста животна средина, како и кон унапредување на соработката меѓу институциите. Во наредниот период, планираме во активностите да бидат вклучени и лица од останатите КПУ и КПД, со што ќе ја прошириме и интензивираме оваа корисна практика. Уверени сме дека со заедничка работа и континуирана поддршка, ќе постигнеме уште подобри резултати и почиста околина. Ова е само почеток на една партнерска соработка која ќе продолжиме да ја развиваме и понатаму“, велат од Управата за извршување на санкции.
