Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Бејли си замина од Македонија

(ФОТО) Бејли си замина од Македонија

Американскиот амабасадор во Скопје, Џес Бејли, денеска си замина од Македонија и дома ќе ги минува пензионерските денови по завршувањето на мандатот во Македонија. Амбасадата на САД утрово го испрати дипломатот.

„Ова утро, амбасадорот Бејли официјално ја заврши својата задача во Северна Македонија. Од сите во Амбасадата му се заблагодаруваме за неговата услуга и лидерство и му посакуваме успех во своите идни напори“, напиша амбасадата на САД на својот профил на социјалните мрежи.

Се збогува и самиот Бејли и со Твитер налог се заблагодари пишувајќи: „Благодарам Северна Македонија за вашето гостопримство, пријателство и љубезност. До следно видување – се гледаме!“.

Во земјава тој пристигна во февруари 2015 од Анкара каде беше вршител на должноста амбасадор, а американската амбасада вчера објави фотографија од моментот на неговото доаѓање во Скопје кога го прими акдеритивното писмо од претседателот Ѓорѓе Иванов.


На негово место во земјава треба да пристигне Бејт Брнс, која досега беше во амбасадата на САД во Атина на функцијата заменик-амбасадор.


Слично

Поврзани вести