Фото: Бате Геле се сретна со Јордан Мијалков, синот на неговиот идол
Бате Геле, активистот на ВМРО-ДПМНЕ кој на 27 април беше дел од напаѓачите кои упаднаа во Собранието на Република Македонија се сретна со Јордан Мијалков, синот на екс началникот на УБК Сашо Мијалков.

Ангеле Зафировски е познат по тоа што носи јакна на која го има ликот на Сашо Мијалков, а на протестите на „За заедничка Македонија“ истакнуваше транспаренти со фото колаж од екс началникот.
Бате Геле во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје бил службено, откриваат извори за Фактор.
Штипјанецот беше дел од групата на условно осудени демонстранти за нападот врз пратениците и новинарите на Крвавиот четврток минатата година.
Јордан Мијалков беше повикан во полициска станица да даде исказ за насилните протести во Собранието на 27 април, каде на снимките беше забележан дека влегол заедно со толпата.
Бате Геле на своето тело ги има истетовирано ликовите на екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавње, Сашо Мијалков и на неговиот син Јордан, затоа што, како што има кажано во изјава за медиумите, Мијалкови пред неколку години му го спасиле животот, а пред тоа многу му помогнале кога претстојувал во Чешка и во САД.
Тој беше меѓу првите кои го нападнаа Зоран Заев во Собранието.
