Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Благој Бочварски му се поклони на Шекуларац

(ФОТО) Благој Бочварски му се поклони на Шекуларац

Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, денеска се поклони и одржа говор пред спомен-обележјето на Драгослав Шеки Шекуларац, легендарниот југословенски фудбалер, кој почина вчера на 81-годишна возраст.

Шекуларац се родил во Штип во семејство на српски офицер пред да се пресели во Белград, а градот Штип во 2017-та во таа чест му направи спомен-обележје во присуство на ветераните на Црвена Ѕвезда.

„Денеска му оддадовме последна почит на нашиот сограѓанин, Драгослав Шекуларац, фудбалската легенда позната во светски рамки. Општина Штип и граѓаните секогаш ќе се сеќаваат на ликот и делото на Драгослав Шекуларац“, напиша Бочварски на својот профил на Фејсбук.

На комеморацијата пред споменикот заедно со претседателот на Комисијата за спорт во Советот на Општина Штип, Елмир Мандак, потенцираа дека фудбалската легенда ќе остане во сеќавањето на штипјани и на спортските работници, бидејќи во 1978 година токму во Штип ги донесе и познатите светски фудбалски ѕвезди, Еузебио, Џајиќ, Сантрач, Молина и други, кога се простуваше од фудбалот.


Слично

Поврзани вести