Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фото: Автобуси со симпатизери се собраа за митингот на СДСМ

Фото: Автобуси со симпатизери се собраа за митингот на СДСМ

Владејачката партија СДСМ која сака да ја освои и локалната власт од 18 часот пред седиштето на Владата на РМ ќе го одржи својот централен изборен митинг кој го нарекоа граѓански собир бидејќи освен своите членови и симпатизери на присуство ги повикаа сите граѓани.

Видлива е раздвиженоста низ главниот град, пристигнаа повеќе автобуси од останатите градови на Македонија превезувајќи ги членовите на СДСМ за да дадат поддршка на раководството и кандидатите за градоначалници на главниот митинг.

Исто така се собираат и приврзаници на СДСМ од повеќе места во Скопје кои веќе се упатуваат кон Владата каде поставена бината за вечерашниот митинг, заради што е воведен и посебен сообраќаен режим.


Слично

Поврзани вести