Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Артан Груби ја покажа и втората канцеларија

(ФОТО) Артан Груби ја покажа и втората канцеларија

Артан Груби во септември веднаш штом стапи на функцијата прв вицепремиер, се всели во кабинетот на генералниот секретар на владата како најблизок до оној на премиерот, а за брзо на гости му дојде и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Груби за време на викендот објави и фотографија од канцеларијата во министерството за политички систем и односи на заедниците на чие чело е тој.

„На 4 јануари“ напиша заменик-претседателот на владата, објавувајќи фотографија од министерската канцеларија која за волја на вистината е недоопремена.

Министерството на Груби денеска се вселува во новата зграда на ПУИГ која досега беше некористена.


Слично

Поврзани вести