(ФОТО) Апасиев на Црвениот плоштад на парадата во Москва
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, објави фотографија од своето присуство на парадата во Москва на Денот на победата - 9 Мај. Воедно пратеникот од Црвениот плоштад го честиташе и празникот.
Денес во Москва се одржува голема парада на победата по повод 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна. На овој голем настан присуствуваат бројни светски функционери, меѓу кои и кинескиот претседател Си Џинпинг.
И покрај протестите од претставниците на Европската Унија, словачкиот премиер Роберт Фицо исто така допатува во Москва.
Оваа година, парадата ја одбележува 80-годишнината од победата, со околу 14.000 војници, повеќе од 210 воени возила и воздушна претстава со повеќе од 80 авиони. Учествуваат и воени единици од 13 земји, вклучувајќи ја и Кина.

