(ФОТО) Ахмети и Груби го посетија Ориѓански и македонскиот културен центар во Тирана
Композиторот Златко Ориѓански на својот профил на Фејсбук објави дека во негова посета во Тирана и македонскиот Културно информативен-центар, чиј директор е музичарот, ги пречекал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и првиот вицепрмеиер Артан Груби.
„Фантастичен почеток на новава година. Во посета на нашиот Културно Информативен центар во Тирана, дојде господинот Али Ахмети, заедно со вице премиерот Артан Груби и нивните помошници, Арбр Адеми и Фатон Ахмети.

Имавме прекрасен и длабок разговор на многу теми, вклучително и за нашиот пат кон Европската унија. Благодарам на посетата и големата почит кон мене и мојата работа овде“, објави Ориѓански.
Ахмети и Груби синоќа присуствуваа на заедничка средба кај албанскиот премиер Еди Рама заедно со раковоствата на албанските партии од Македонија - Алијанса за Албанците, Алтернатива и ДПА.

Културно информативниот центар на РСМ во Тирана е отворен од јуни 2021 а од самиот почеток го води Ориѓански.
