Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Аеродромци добија нов парк спроти „Мајчин дом“

(ФОТО) Аеродромци добија нов парк спроти „Мајчин дом“

Аеродромци добија ново катче за уживање и разладување во летните топли ноќи.

park aerodrom4

Денеска официјално беше пуштен во употреба новиот парк во Општина Аеродром на површина од 3000 м2 и истиот се наоѓаспроти „Мајчин дом", поточно на просторот на аголот меѓу улицата „Васко Карангелевски" и булеварот „Јане Сандански".

park aerodrom2

Инвестицијата за овој парк се проценува на околу 30 милиони денари а паркот содржи пешачки патеки, водени површини, езеро со фонтани и водопади, река и детско игралиште.

park aerodrom3

Во паркот се задржаа постојните дрвја, кои се наоѓаа на оваа локација и дополнително е збогатен со ново зеленило и цвеќе. Водените површини во паркот се осветлени со рефлектори, кои ќе го надополнат амбиентот навечер.

park aerodrom

На отворањето присуствуваа премиерот Никола Груевски и градоначалникот Ивица Коневски.

park aerodrom5

„Со новиот парк не само што сакавме да создадеме уште едно пријатно катче за престој, туку и да ја продолжиме традицијата на унапредување и заштита на животната средина и на градење паркови во Аеродром, по кои стана препознатлива општината", изјави на прес-конференцијата градоначалникот Коневски.

Слично

Поврзани вести