Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) 32 потписи од пратеници за свикување на собраниска седница

(ФОТО) 32 потписи од пратеници за свикување на собраниска седница

Вкупно 32 потпишани пратеници до Собранието доставија барање за свикувaње на итна седница. Кабинетот на собранискиот спикер Талат Џафери го потврди барањето.

Се бара на дневен ред да бидат ставени две точки за потврдување на одлуката за прогласување на вонредна состојба на целата територија од страна на Претседателот на Републиката донесена на 18 март и на 16 април.

Засега не е јасно како ќе реагира на ова Џафери, ако е познат ставот на неговата матична партија ДУИ дека во моментов не ја гледаат потребата за свикување на собраниска седница, додека за ВМРО-ДПМНЕ ваквиот потег значи дека СДСМ бега од договорените вонредни параментарни избори.

Во прилог е барањето и потписите од страна на пратениците на СДСМ и останатите коалициски партнери и независни пратеници.


Слично

Поврзани вести