(ФОТО) 10 прекрасни места кои треба да ги посетите ова лето
Летото е време за патувања. И одмор, и нови возбудливи искуства.
Може да видите нови егзотични места, или да одите до некои од класичните туристички дестинации, чија посета досега сте ја одложувале.
Ако уште немате планови за летниот одмор, еве 10 идеи, избрани од Бизнис инсајдер, за места кои може да ги посетите ова лето.
10. Остров Палаван, Филипини

Не е чудо што тој е на речиси секоја втора слика во Инстаграм - природата е многу убава, а плажите се едни од најпознатите, бели и најдобри во светот.
9. Санкт Петербург, Русија

Втора година по ред Санкт Петербург е прогласуван за најдобра дестинација во Европа од Светските награди за патувања (World Travel awards). Неверојатните палати и цркви и богатата историја го прават градот прекрасно место за посета, а најдобро време е во текот на летото.
8. Малта

На прекрасните острови Малта и Гозо ве очекува многу историја, знаменитости под заштита на светското културно наследство на УНЕСКО во главниот град Валета, како и седумте рида, за кои се смета дека се едни од најстарите самостојно издигнати структури во светот. Во прилог ќе имате време за плажа и многу забави.
7. Лисабон, Португалија

Сајтот Travel + Leisure ја прогласи Португалија за дестинација на годината, а восхитувачкиот Лисабон нужно мора да се види.
6. Бордо, Франција

Нов брз воз веќе ја поврзува француската престолнина Париз со Бордо, па патувањето трае само два часа. Таму ќе се нурнете во светот на француското вино и Кулинарство. Дестинација, која вреди!
5. Црна Гора

Тука ќе видите прекрасни брегови и плажи по долгото над 180 километри крајбрежје. Сеуште е евтина и не толку масовна летна дестинација, па искористете ја додека уште не е полно со туристи.
4. Архус, Данска

Вториот по големина дански град е европска престолнина на културата за 2017 година. Не пропуштајте го најстариот музеј за уметност во земјата надвор од Копенхаген - ARoS Aarhus Kunstmuseum, како и мноштвото прекрасни места за јадење.
3. Мадагаскар

Министерството за туризам на Мадагаскар во моментов развива нов проект за стимулирање на економскиот раст и одржливите видови туризам. Инфраструктурата во земјата исто така се подобрува, па да е поудобно за туристите. Соодветно место е за туристи со авантуристички дух и љубители на дивината и животинскиот свет.
2. Лондон, Велика Британија

По одлуката на излегување на земјата од ЕУ, фунтата поевтини и сега патувањето до Лондон ќе ве чини помалку. А и не се знае дали само по 2 година нема да бидат потребни визи. Значи - искористете се сега.
1. Исланд

Веројатно многу често сте виделе и сретнале информации за Исланд како една од најдобрите земји за живот, а исто така и со неверојатна природа. Не двоумете се да ја посетите. Летото е најдобар период.
