Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Спасовски ги виде новите пасоши во МВР

(ФОТО) Спасовски ги виде новите пасоши во МВР

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, го посети полициското одделение каде што се технички се изработуваат пасошите, личните карти и другите лични документи на македонските граѓани.
„Денеска бев во посета на Секторот за информатичка технологија при Одделот за информатика и телекомуникации, како и Отсекот за персонализација каде се одвиваат работните процеси при изработување на личните документи на граѓаните.

Голема благодарност до раководниот кадар на Одделот и до вработените за посветеноста и ефикасната реализација при надградбата на системот за лични документи“, напиша Спасовски на Фејсбук.

Поради долгиот период на рестрикции кај патувањата, одеднаш голем број на граѓани се пријавија за аплицирање за нови пасоши а во меѓувреме во МВР имаше и еднонеделен прекин поради трансфер на податоци.
Од понеделникот, според претходните најави на државните функционери, започна и изработката на пасошите со новото уставно име, согласно Преспанскиот договор.


Слично

Поврзани вести