Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Претседателката отвори Народна канцеларија во центарот на Скопје

(ФОТО)  Претседателката отвори Народна канцеларија во центарот на Скопје

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја отвори Народната канцеларија во центарот на Скопје и порача дека развиваат дијалог, дебата и демократска култура. Таа ги покани граѓаните да ја посетат. Најави дека вакви канцеларии ќе се отвораат и во други градови.

„Во присуство на бројни граѓани и претставници на граѓанскиот сектор, како резултат на моите заложби за поголема отвореност и непосредна комуникација со граѓаните, денеска во Скопје беше отворена Народната канцеларија. Канцеларијата ќе биде жив простор на дијалог, дебата, едукација и граѓанско учество, место, коешто ќе ги поврзува институциите и заедницата и ќе придонесува за зајакнување на демократската култура. Целта е да се создаде достапен простор во срцето на градот, каде што секој граѓанин ќе може слободно да дојде, да побара помош, да постави прашање, да предложи иницијатива, или да упати критика. Ова ќе биде отворено демократско катче за сите: за граѓаните, невладините организации, средношколците, студентите, пензионерите, а особено за младите кои сакаат да ги искажат своите таленти и знаења. Просторот ќе биде достапен за организирање на трибини, едукативни настани, младински и волонтерски иницијативи, културни и хуманитарни проекти“, вели претседателката.

На првата средба во Народната канцеларија таа се сретна со граѓани, меѓу кои активисти во различни области, доктори, професори, спортисти, студенти, волонтери и лицa со оштетен вид.
фото Фејсбук/Гордана Сиљановска-Давкова


Слично

Поврзани вести