Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО - „ЦЕЛА“ РУЗВЕЛТОВА ВО ШУТ И ОТПАД: Инпекторите ги фатија загадувачите, денес треба да им биде одредена казна

ФОТО - „ЦЕЛА“ РУЗВЕЛТОВА ВО ШУТ И ОТПАД: Инпекторите ги фатија загадувачите, денес треба да им биде одредена казна

Синоќа, на три локации во Скопје - две во Аеродром и една во централното градско подрачје, на улицата „Рузвелтова“, беа затекнати лица при нелегално исфрлање шут и отпад, со што директно се загрозуваат животната средина, здравјето на граѓаните и изгледот на нашиот град, информираше градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на неговиот фејсбук профил.
„Сторителите се лоцирани, веднаш евидентирани и добија налог во текот на утрешниот ден да се јават во просториите на Град Скопје, каде ќе им биде изречена соодветна глоба согласно законските прописи“, напиша тој.

Дополнително, напиша тој, наложено им е уште вечерва да го подигнат отпадот и да го однесат на соодветна депонија, со задолжително приложување кантарска белешка како доказ.

Доколку тоа не го сторат, ќе следуваат нови санкции.

„Сакам да бидам јасен - нема да дозволам поединци да го грдат лицето на Скопје, да го загадуваат просторот во кој живееме и да ја загрозуваат иднината на нашите деца. Апелирам до сите граѓани: да го чуваме Скопје како сопствен дом. Да не дозволиме неодговорноста на поединци да ја поништи работата, трудот и желбата на илјадници скопјани кои сакаат чист, уреден и достоинствен град. Инспекторите се 24 часа на терен и будно го следат секое нарушување на животната средина“, напиша тој.



Слично

Поврзани вести