Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОРМИРААТ ПРАВЕН ТИМ: ВМРО-ДПМНЕ ќе го тужи некогашното СЈО

ФОРМИРААТ ПРАВЕН ТИМ: ВМРО-ДПМНЕ ќе го тужи некогашното СЈО

ВМРО-ДПМНЕ кривично  ќе го гони некогашното Специјално јавно обвинителство. 

Извршниот комитет на партијата донел одлука да се формира правен тим кој ќе подготви кривични пријави и тужби за злоупотреба на 4,6 милиони евра. 

Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ ќе состави правен тим кој ќе подготви кривични пријави и тужби за злоупотреби во некогашното СЈО. 

Наведуваат дека Државниот завод за ревизија ја потврдил проневерата од 4,6 милиони евра, пари кои се исплаќани за високи хонорари, незаконски бонуси и плаќања надвор од делот за редовни плати, без законска основа.

„Ова е преседан во светски рамки. Тоа се пари кои наместо во нови болници и училишта, завршиле во нечии џебови, и за тоа мора да има одговорност“, изјави на денешната прес-конференција Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој информира и дека ИК на партијата ја потврдил одлуката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во однос на ставот дека нема да се поддржат одлуките на претседателот Стево Пендаровски за вонредната состојба, затоа што таа, како што рече, е злоупотребена за работи кои не се поврзани со потребите за борбата против Ковид-19. 

Многу забелешки имаше во однос на огромните бонуси кои се делеле во СЈО. 

Слично

Поврзани вести