Фонтаните во централното градско подрачје се чистат и подготвуваат
Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ денеска се на терен, ги чистат и
подготвуваат фонтаните во централното градско подрачје кои наскоро треба да
бидат ставени во функција.
Фонтаните вообичаено се пуштаат кога ќе дојде до зголемување на температурите.
Екипите се на терен во согласност со најавите на директорот на „Водовод и канализација“ – Скопје, Душко Весковски за пуштање во употреба на градските фонтани.
Претходно фонтантите не работеа, иако во градот има туристи од други земји.
Слично
