Фондот за здравство не ги користел услугите на ИКТ Центарот во Прилеп, а чинеше милиони евра
Фондот за здравство не побарал заштита на своите податоци од Центарот за опоравување од катастрофи во Прилеп, по хакерскиот напад поради кој не може да се исплатата здравствените услуги и персоналот цел февруари.
ИКТ Центарот за складирање и заштита на податоците е изграден во Прилеп, а со него управува Министерството за внатрешни работи. Изградбата на кружниот прстен за сместување техничка опрема и инсталација со централно јадро на сервер-соба заврши во Прилеп во 2020 и чинеше 3,4 милиони евра.
Во центарот копирани системи имаат институции како Центарот за управување со кризиЦаринската управа, Заводот за статистика, а изразиле интерес Народна банка, Министерството за финансии. Заводот за ревизија, Агенцијата за развој на земјоделието итн.
Државна секретарка на МВР, Анастасија Илиеска, порача дека Владата треба да ги поттикне сите институции да умаа „бек-ап“ на своите податоци во ИКТ Центарот.
- Жалосно е да имаме објект, а да не биде доволно искористен и да се најдеме во ваква ситуација. Државите ги градат ваквите објекти за такви кагастрофи како што ние сега ја имаме и државата тогаш продолжува да работи со паралелниот систем што ќе се вклучи.
Во многу краток период продолжува со функцинирање државата, ако има поллави, земјотреси и терористички напади.. Добро е што го имаме како држава, но прашање е колку го користиме, рече Илиеска.
Во моментов Магдалена Филиповска Грашкоска како генерален директор на ФЗО е недостапна за медиумите.
