Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОНДОТ ДЕНЕСКА ТОЧНО ЌЕ КАЖЕ - исплатата на штедачите од Еуростандард банка почнува идната недела

ФОНДОТ ДЕНЕСКА ТОЧНО ЌЕ КАЖЕ - исплатата на штедачите од Еуростандард банка почнува идната недела

Фондот за осигурување депозити денеска ќе ги извести штедачите на Еуростандард банка кога тично ќе почне обесштетувањето преку четирите банки, Комерцијална, Стопанска банка Скопје, НЛБ банка и Халк банка. 

Според нашите сознанија, исплатата би почнала најверојатно во среда идната недела, но можно е да биде и ден или два порано, односно понеделник или вторник.

Нашите информации говират дека списоците со штедачи, односно кои штедачи преку која банка ќе се исплатуваат, Фондот за осигурување депозити денеска ги испратил до четирите банки.  

А како што е познато, преку Фондот ќе се исплатат 68,2 милиони евра, на колку што се сведе оваа сума откако претходно тежеше 71,5 милиони евра, но беа отстранети оние депозити кои не треба да бидат обесштетени согласно законските прописи. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести