Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фондација Македонија: На гробот на Гоце за безбедноста ќе се грижат бугарски и македонски полицајци

Фондација Македонија:  На гробот на Гоце за безбедноста ќе се грижат бугарски и македонски полицајци

Фондација Македонија преку објава на својот официјален Фејсбук-профил ги повика сите Бугари во Скопје да присуствуваат на одбележувањето на годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев што ќе се одржи в сабота во Скопје.

„Апел до сите Бугари во Скопје, особено до младите: Дојдете во сабота на гробот на Гоце заедно да му оддадеме чест во 11:30 часот на паркингот на Калето. Досега над 40 Бугари од Скопје и Северна Македонија ни потврдија дека ќе дојдат. На гробот на Гоце за безбедноста ќе се грижат бугарски и македонски полицајци“, се вели во апелот.


Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски претходно кажа дека нема потреба од помош од бугарските колеги. 

Неколку дена по ред оваа фондација повикува Бугарите да дојдат на гробот на Делчев и тврди дека нема да има провокации. 

Министерот Спасовски во дневникот на ТВ Сител вечерва, одговарајќи на прашањата во врска со тензиите поврзани со одбележувањето на 151 годишнина од раѓањето наголемиот револуционер Гоце Делчев, повика на сплотување и национално единство, токму овој ден да биде повод повеќе за надминување на разликите и обединување околу остварување на нашите стратешки интереси.

Македонската полиција уште еднаш потврди дека тие ќе ја гарантираат безбедноста и дека нема да доаѓаат бугарски полицајци, односно тоа е лага. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести