Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фон Дер Лајен: Ве сакаме кај нас, ЕК и самата јас стоиме на тоа

Фон Дер Лајен: Ве сакаме кај нас, ЕК и самата јас стоиме на тоа

Премиерот Зоран Заев денеска на прес конференција со шефицата на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен изјави дека ќе ги интензивираат разговорите со Бугарија, но идентитетските прашања не можат да бидат тема на разговори. 

Вели дека остануваме посветени на европската иднина. Рече дека посетата на Фон Дер Лајен е охрабрување да продолжиме по тој пат. 

Таа вели дека иднината на Македонија е во ЕУ. 

„Ве сакаме кај нас, ЕК и самата јас стоиме на тоа. Вие постигнавме извонреден напредок и донесовте храбра одлука, и сега ЕУ треба да испорача“, рече Фон Дер Лајен. 

Вели дека сега треба да се опорави економијата која беше парализирана поради пандемијата. Нагласи дека донираа вакцини за Македонија. Фон Дер Лајен повика на масовна вакцинација. 

„Знаеме колку е важна вакцинацијата во овој прекрасен регион, го видов тоа додека се возев“, рече таа. 

Фон Дер Лајен рече додаде дека младите заслужуваат позелена, подигитална иднина. Вели дека на економијата и треба трајно закрепнување. Таа предаде грант од 2.6 милиони евра. За спорот со Бугарија, Фон Дер Лајен вели дека има добри идеи за решение. 

Слично

Поврзани вести