Фон дер Лајен утре пристигнува во Скопје, ќе го посети МКЦ
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утре ќе допатува во посета на Македонија и ќе биде пречекана од страна на премиерот Зоран Заев
Според агендата што е објавена, пречекот е предвиде во 13:45 часот на платото пред Владата.
Двете делегации ќе пристигнат во Младинскиот културен центар во 15:05 часот каде ќе бидат пречекани од страна на директорот на Младинскиот културен центар Русе Арсов.
Делегациите после настанот предвиден во фоајето на МКЦ, ќе се упатат кон Кино Фросина каде следува заедничка прес-конференција на премиерот Заев и Претседателката фон дер Лајен.
Слично
