Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фон дер Лајен тврди дека Македонија и Бугарија се блиску до договор

Фон дер Лајен тврди дека Македонија и Бугарија се блиску до договор

Францускиот предлог може да го реши македонско - бугарскиот спор. 

Македонија и Бугарија се блиску до договор, тврди претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Соопшти дека разговарала со премиерот Димитар Ковачевски.

„Добрата вест за денеска е дека Бугарија и Северна Македонија, со поддршка на Франција, се блиску до договор кој ги зема предвид интересите и грижите на двете страни“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Францускиот предлог по се изгледа дека го бутна веб сајтот на Владата.

Откако премиерот Димитар Ковачевски во присуство на владините коалициони партнери одржа пресконференција на која рече дека веднаш по нејзиното завршување францускиот предлог ќе биде ставен на владината веб страница, таа веќе не може да биде отворена. 

Синоќа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара власта да го објави предлогот за да го видат граѓаните. 

Слично

Поврзани вести