Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фон дер Лајен се дообјасни за македонскиот јазик

Фон дер Лајен се дообјасни за македонскиот јазик

Претседателката на Европската Комисија(ЕК), Урсула Фон дер Лајен ја коригираше својата портпаролка Дана Спинант за македонскиот јазик. 

„Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ние целосно го почитуваме тоа“, објави денеска на Твитер претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Таа го ретвитна и делот од своето вчерашно обраќање во Скопје, каде пред пратениците во Собранието порача „Иднината на вашата земја е во Европската Унија, а Европа не е цела без Северна Македонија. Ве сакаме во ЕУ! Ви благодарам“.

Претходно Спинант одби да даде прецизен одговор дали Европската Унија го признава македонскиот јазик.  Таа рече дека вчера претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен говорела за „јазикот што го користат луѓето во Северна Македонија“. Во македонското Собрание денеска имаше критики за оваа изјава и дел од пратениците сметаат дека Брисел ја демантира власта дека јазикот е чист. 

Тие велат дека приказната за заштитен јазик не издржа ни 24 часа. 

Слично

Поврзани вести