Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фон Дер Лајен пречекана во Скопје со највисоки почести

Фон Дер Лајен пречекана во Скопје со највисоки почести

Премиерот Димитар Ковачевски со највисоки државни почести ја пречека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која е во официјалната посета на државава.

Во составот на македонската делегација се бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за транспот и врски Благој Бочварски, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и министерот за информатичко општество Азир Алиу. 

Ковачевски и Фон дер Лајен се упатија на тет-а-тет средба во Владата, по која ќе следува билатерална средба на двете делегации.

По средбите Ковачевски и Фон дер Лајен ќе одржат прес-конференција по која ќе посетат фабрика за преработка на овошје и зеленчук во близина на Скопје, корисник на средства од ИПАРД програмата финансирана од ЕУ.

Претседателката на Европската комисија вчера попладне допатува во Скопје, а на Меѓународниот аеродром беше пречекана од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, по што имаше средба во вила Водно со претседателот Стево Пендаровски.


Слично

Поврзани вести