Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС СО ДЕТАЛИ: Куќата на Таравари во Тафталиџе, претходно БИЛА ВО СОПСТВЕНОСТ НА ИСМАИЛ ЈАХОСКИ ОД ПУЦКО ПЕТРОЛ

ФОКУС СО ДЕТАЛИ: Куќата на Таравари во Тафталиџе, претходно БИЛА ВО СОПСТВЕНОСТ НА ИСМАИЛ ЈАХОСКИ ОД ПУЦКО ПЕТРОЛ

Имотот во Тафталиџе што го стекнал лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, претходно бил во (ко)сопственост на бизнисменот Исмаил Јахоски, кој е поранешен градоначалник на Пласница, a моментално е пратеник од редовите на ДУИ, покажува документацијата што ја обезбеди „Фокус“.

Куќата на Таравари влезе во собраниската расправа за избор на нови владини министри од редовите на Алијанса, откако Таравари постигна договор со СДСМ и ДУИ за да го засили парламентарното мнозинство. Притоа, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, отворено праша дали Таравари ја добил куќата на подарок?

-Пријавил дека куќа од 256 квадрати купил за 150 илјади евра. Како во центарот на Скопје се купува куќа по 500 евра квадрат? Но, и дали воопшто тие 150 илјади евра воопшто се платени, зашто, според нашите сознанија, нема трансакции и на тие 150 илјади евра. Дали една од цените за влез во Владата е убавата куќа во Тафталиџе која му е поклонета на господинот Таравари од еден функционер од ДУИ? – праша Николоски.

Според Таравари, се работи за, како што вели, прилично инфантилни обвинувања коишто, додава тој, лесно се прелеваат и во медиумите, без да се консултира другата страна. „Фокус“ веднаш побара коментар од Таравари во врска со ова сериозно обвинување изнесено во Законодавниот дом, при што тој го даде следниов одговор. 

„Куќата е купена во 2021 година, постапката и документацијата за купопродажба е во целост чиста. Имаме и доста за реновирање, а кредитот, здравје, ќе го плаќаме подолго време. Ве канам на кафе во својот дом и да видите за што станува збор. Се надевам дека тие што обвинуваат еден ден и самите ќе дозволат да ѕирнете во нивното секојдневие. Па, и да направите споредба…“.

Извор: Фокус

Слично

Поврзани вести