Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фокус на денот: Зенели не чувства вина, ги нема снимките за Груевски, интерпелација за Димитров

Фокус на денот: Зенели не чувства вина, ги нема снимките за Груевски, интерпелација за Димитров

Првата уплата од државата кон двете приватни пензиски друштва за оштетените осигуреници на кои со години не им биле плаќани придонеси во вториот пениски столб почна.  За ова денеска информираше министерката за труд и социјална политика,  Мила Царовска.

Таа вели дека со првата уплата се опфатени 4.926 осигуреници и истата треба да заврши до крајот на месецот. Уплатите за другите осигуреници ќе се случуваат во наредните месеци и треба да завршат до средината на годината, со што сите 12 илјади осигуреници ќе бидат целосно обесштетени. Обезбедени се 19 милиони евра од буџетот. Согласно со новата законска регулатива, исто така во тек е трансферот на 11.319 членови од вторите кон првите друштва.

Во ПИОМ не чувствуваат одговорност за аферата со пензиите. 

Државниот обвинител Љубомир Јовески денеска изјави дека пропаднал обидот на ОЈО и на МВР да обезбедат снимки од бегството на Никола Груевски низ Албанија на патот кон Унгарија, каде што поранешниот премиер доби азил и ја избегна затворската казна.

Оправдувањето е дека системот од безбедносните камери од граничните премини на албанска страна биле автоматски избришани поради немање место. 

Во одбрана на шефот на дипломатијата, Никола Димитров, кој доби многу критики од  опозицијата застана пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски. 

Вели дека оваа втора интерпелација на Димитров е можност да видат со какви аргументи располагаат за неговата работа. 

Смета дека тоа е прилика за граѓаните да видат дали  излегле од рововите на квазипатриотизмот.
Првиот човек на Министерството за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес-конференција денеска изјави дека двајцата полициски службеници кои синоќа беа повредени во Шуто Оризари не биле на службена должност, туку во населбата пристигнале по дојава на Фејсбук за наводно киднапирање на деца. 
Слично

Поврзани вести