Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Заврши пробниот попис - Драстичен пад на цените за роаминг

ФОКУС НА ДЕНОТ: Заврши пробниот попис - Драстичен пад на цените за роаминг

* Симевски: Се надевам дека пописот нема да се искористи за политички цели

Директорот на заводот за статистика, Апостол Симевски се надева дека пописот нема да го искористат политичките партии за свои цели. И дека сите политички субјекти ќе сфатат дека овој закон е најмалку во допир со политиката, дека овој закон е исклучително професионален.

Пробниот попис заврши вчера. Заводот за статистика го оцени пилот пописот како успешен. Велат дека граѓаните соработувале, но имало и 30 лица кои одбиле да бидат попишани.

* Од утре намалени цени на роаминг услугите

Огромен пад на цените на роаминг услугите од утре.

Македонците, Албанците, граѓаните на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина од понеделник ќе можат да зборуваат со 90 отсто помали цени. Доколку праќате СМС порак на број во некоја од овие земји ќе ве чини само 2,1 денар по порака. А доколку се јавите во некоја од земјите од Западен Балкан минута за појдовен повик ќе ве чини 4,3 денари.

Договорот на политичко ниво помеѓу земјите од Западен Балкан беше донесен на почетокот на месец април.


* (ВИДЕО) ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА: Македонски автобус се запалил кај Петровац Црна Гора

Македонски автобус кој патувал на релација Скопје – Сплит ,во возење ноќеска во 3 часот се запалил.   Немилиот настан се случил во близина на црногорското летувалиште Петровац.

Патниците и очевидци на настанот велат дека голем број од патниците во тој момент спиеле, но без многу паника успеале сите да се симнат од автобусот.

Некои од патниците откако се симнале започнале да го вадат од автобусот багажот, за да го спасат.

* Од утре Финска по трет пат ќе претседава со Советот на Европската унија

Во наредните шест месеци Финска ќе претседава со Советот на Европската унија. Земјата утре ќе го превземе ротирачкото шестмесечно претседателство од Романија.

Финска како земја членка на ЕУ и земја која ќе претседава со Советот на унијата ќе треба да ги одржува сите состаноци на Советот на ЕУ, освен Советот на министри за надворешни работи, со кој претседава министерот за надворешни работи на ЕУ.

* ИНЦИДЕНТ НА ИЗБОРИТЕ НА АЛБАНИЈА: Маж со калашников влегол во избирачко место

Маж со калашников влегов во избирачко место во Драч, сакал да го спречи гласањето.

Напаѓачот е приведен во полиција откако со калашникот влегол во избирачкото место и се заканувал на членовите на комисијата, исто така тој искршил и гласачки кутии.

Р. Б. по упадот бил уапсен од полицијата.

*ЈСП го враќа хартиениот билет за едно возење

Од септември ЈСП во своите автобуси и автобусите на приватните превозници ќе го врати хартиениот билет за едно возење.

Мета.мк пишува дека ЈСП во моментов го реализира тендерот за набавка на 300.000 хартиени електронски билети, кои се адекватни на постојниот систем за плаќање во јавниот превоз. Оттаму информираат дека е избрана компанијата што доставила најдобра понуда, во овие денови тече периодот на жалби од останатите понудувачи, по што и официјално ќе биде склучен договорот. Советот на град Скопје треба допрва да ја утврди цената на билетот за едно возење, по што претстојната есен хартиениот билет ќе може повторно да се купи во автобусите.




Слично

Поврзани вести