Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФOКУС НА ДЕНОТ: Замрзнат имот на екс министри, СДСМ со повик за претседателски кандидат

ФOКУС НА ДЕНОТ: Замрзнат имот на екс министри, СДСМ со повик за претседателски кандидат

Поранешните министри за земјоделие - актуелниот пратеник Љупчо Димовски, Михаил Цветков и Ацо Спасеноски, како и на екс-заменик министерот за економија Христијан Делев во моментов се со замрзнат имот по барањето на Обвинителството за организиран криминал.

По петочната полициска интервенција и нивно апсење, Цветков и Делев се во истражен затвор, Спасеноски е во куќен притвор поради нарушено здравје. На Димовски му е „симнар“ пратеничкиот имунитет со што се исполнети условите и тој да добие притвор.

Четворицата поранешни владини функционери се под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.

Социјалдемократскиот сојуз отвори повик за кандидати кои би добиле подршка од владеачката партија за претседателските избори во април, односно мај. Рокот за пријавување е до 19 февруари до Изврпниот одбор на Бихаќка. Конечната одлука ја носи Конгресот на СДСМ, а предлог-кандидатите ги утврдуваат општинските организации.

Истовремено и во опозициската ВМРО-ДПМНЕ тече огласот за прибирање на кандидатури, со тоа што таму ќе се гласа конелниот претставник непосредно на конвенција на 16 февруари, без индиректни препораки.

Постапката, начинот и критериумите за утврдување на кандидат на СДСМ за Претседател на Република Македонија на Претседателските избори 2019 година, Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија задолжително ги регулира со посебен правилник.

Грчки „Катимерини“ за грчката јавност направи анализа во девет точки за придобивките и отстапките кон спогодбата, напоменувајќи дека ниту лидерот на Нова Демократија, Киријакос Мицотакис, ниту членка на Советот за безбедност на ОН можат во иднина да го блокираат.

„Ратификацијата на Преспанскиот договор сигнализира ново поглавје и за Грција и за Поранешната Југословенска Република Македонија (ПЈРМ), а исто така покренува низа прашања во врска со иднината на двете земји. Овде, ние се осврнуваме на некои од овие прашања и се обидуваме да дадеме некои одговори“, се вели во во воведот на анализата.

Премиерот Зоран Заев денеска при посета во Софија изјави дека Македонија во јуни може да ги почне преговорите со Европската унија.

Со бугарскиот премиер, Бојко Борисов разговараа за развојот на соработката во разни сектори, проекти во областа на инфраструктурата и транспортот, како и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. 

Заев по средбата изјави дека повторно ја изразил својата благодарност бидејќи Борисов и неговиот кабинет за време на претседавањето со ЕУ дале поттик за постигнување на Договорот за Грција за решавање на спорот со името.

Слично

Поврзани вести