ФОКУС НА ДЕНОТ: Закани кон обвинител на СЈО, Грците не гласаа, кого „мерка“ СДСМ за претседател?
Обвинителката Фатиме Фетаи денеска кажа дека адвокатот на Ејуп Алими од ДУИ се заканувал на обвинител од СЈО.
Абдулменаф Беџети е еден од десеттемина кандидати кои СДСМ ги „скенира“ како можни кандидати за претседател на Македонија на изборите кои треба да се одржат во април.
Пресинг Тв дознава дека ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа е еден од можните албански кандидати кои би можел да избие како консензуален избор на СДСМ и ДУИ.
Премиерот Зоран Заев во своето последно телевизиско гостување истакна дека СДСМ не разгледува четворица туку десетмина кандидати, а меѓу нив има и Македонци и Албанци.Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, дефинитивно нема да се кандидира за претседател на Македонија откако соопшти дека како партиски делегат на партиската конвенција ќе гласа за колегата-пратеник Влатко Ѓорчев да биде номиниран во трката за шеф на државата на претседателските избори на пролет.
За Договорот од Преспа грчките пратеници утре ќе гласаат.
Иако дводневната тензична дискусија се очекуваше да заврши денеска – никој не се повлекува, а опозициската Нова Демократија веќе најави дека сите нејзини членови ќе се обратат, со што ќе покажат дека владата има тешка опозиција. Протести против името паралелно започнаа и во Солун и Лариса.
Денеска членовите на Комунистичката партија на Грција ставија на Акропол и две паноа со порака против Преспанскиот договор.Најмалку 12 лица загинаа во бранот антивладини протести во земјата, информираше денеска невладината организација Венецуелска опсерваторија за општествени судири.
Координаторот на Опсерваторијата, Марк Понсе ги објави и имињата на загинатите.
Стотици илјади граѓани на Венецуела излегоа на протести против претседателот Николас Мадуро.
