Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Заев сведочеше за „Монструм“, изборите неизвесни?

ФОКУС НА ДЕНОТ: Заев сведочеше за „Монструм“, изборите неизвесни?

Доскорешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев, на барање на родителите на убиените момчиња кај Смилковско езеро во април 2012 година, сведочи на денешното рочиште за „Монструм“ во Кривичниот суд.

Заев кажа дека сите материјали кои ги поседувале во СДСМ и во кои имал увид како претсетел на партијата, биле предадени во СЈО.

Кажа дека од самиот увид на материјалите се гледа дека нема целосно континуитет односно луѓето кои биле вработени во МВР не можеле секогаш да земаат копии од тие материјали и да ги достават до тогашната опозициска СДСМ.

Заев потврди дека неколкупати се сретнал со роднини на убиените момчиња, кои сакале да добијат повеќе информации од „бомбите“. 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска рече дека Собранието нема да се распушти предизборно се додека не се изгласаат реформските закони, меѓу кои и тој за Јавното обвинителство.

- Законот за мене е многу важно да се гласа во Парламентот, а тој може да се донесе и да не се донесе - друга опција нема. Ако се обидува опозицијата да го минира, да го блокира на било кој начин неговото донесување, односно гласање, тогаш нормално дека Парламентот нема да се распушти се додека не заврши процесот на изјаснување за Законот за јавно обвинителство, како и протоколот за НАТО, или Законот за одбраната, или сличните закони, рече Заев по сведочењето во случајот „Монструм“.

Долги години одредени пара-структури протураа лага дека сум бил некако замешан во случајот „Монструм“, пишува на Фејсбук поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски. 

„Ми беше тешко да молчам, но знаев и верував дека еден ден се ќе стане јасно и ќе биде чисто дека тоа беше конструирана лага за мое лично оцрнување. Нападот против мене е ништо и е незначајно во споредба со болката на семејствата на петте прерано згаснати млади животи. Одлуката некој да си поигрува со нивните судбини и чувства е тешко бреме кое ќе остане до крајот на животот. Не посакувам на никого да ги преживува лагите и нападите што јас ги преживеав со оваа ниска и гнасна конструкција. Луѓето што ја смислиле и пласирале со години немаат морал“, пишува тој. 

Ѓохан Кантуров е уапсен претпладнето од полицијата и приведен во полициската станица во Велес Вчера пред црквата „Св.Спас“, кај Градските гробишта во Велес, 31-годишникот му го одзеде пиштолот на полицискиот службеник Е.М.(46) и во него испука пет куршуми, од кои четири во стомакот и еден во коленото.

Дали сте го гледале филмот „Медена земја“ и дали и се допаѓа. 

Од денеска под секој објавен текст на Фактор може да го дадете вашето мислење за македонскиот филм кој е номиниран за Оскар во две категории.

Започна исплатата за второто тримесечје на #МојДДВ, соопшти Управата за јавни приходи. На објавата на МојДДВ на фејсбук стои дека на сметките на корисниците на апликацијата кои скенирале фискални сметки во месеците октомври, ноември и декември 2019 година, ќе бидат исплатени 3.871.000 евра. 

Се случи и тоа, Британците и кажаа збогум на Европа. Веќе не се дел од европското семејство, иако до крајот на годинава ќе тече транзицискиот период. Што ќе биде понатаму, никому и не му е целосно јасно.

Она што е факт, е дека Брегзитот и тоа како е предизвик за глобалната економија. Нашата сигурно нема да биде поштедена, прашањето е само дали ударот ќе биде посилен, или индиректен и поблаг.

Занаетчиите кои работат легално се жалат на нелојална конкуренција, затоа што голем број фризери работат во домашни услови. Но, многу луѓе дома подготвуваат торти, колачи, бели пецива и потоа ги продаваат.

На сличен начин функционираат и многу други занаетчиски дејности. Занаетчиите се жалат во инспекторатите, но велат дека е тешко овие луѓе да се санкционираат.

Една недела по објавувањето на коефициентите од страна на букмејкерите за победа во разните категории за доделувањето на наградите на „Оскар“, кој треба да се одржи на 9 февруари, истите се во вртоглав пад кога станува збор за македонскиот документарен филм „Медена земја“.

Значаен раст на депозитите на други коминтенти, раст на кредитирањето и вложувањето во државни хартии од вредност, солидно зголемување на нето приходите од провизии и надоместоци, одржување на нето приходите од камати на ниво од 2018 година во услови на нивно генерално намалување.

Тетово – Гостивар 5:2 . Ова е скор од споредба на најуспешни и најголеми фирми во Полог за 2018 година , а примерокот е правен врз основа на приходи од или над 5 милиони евра и добивка од или над еден милион евра. Во најголемите се една странска гринфилд инвестиција од автомобилскиот сектор, по една компанија што произведува градежни материјали, текстил и градежни објекти и три трговски компании. 

Слично

Поврзани вести