Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Заев најави повисока минимална плата, во повеќе земји има немири

ФОКУС НА ДЕНОТ: Заев најави повисока минимална плата, во повеќе земји има немири

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, вчера се обрати пред граѓаните на Куманово и рече дека водат политики со кои сакаат да ја зголемат минималната плата на 13.000 денари.

„Ја покачивме минималната плата, но не застануваме. Преговараме за ново зголемување. Минималната плата да биде 13.000 денари, за повеќе пари да завршат кај граѓаните и да се забрза порастот на платите“, рече Заев на граѓанската трибина во Куманово.

Претседателот на СДСМ зборуваше и за повратот на ДДВ, кој треба пробно да биде тестиран во  текот на наредните месеци. Бенефит од повратот на Данокот на додадена вредност да го почувствуваат граѓаните, но и државата.

Европската перспектива на Западен Балкан за којашто Претседателот на Франција Емануел Макрон зборуваше уште во својот говор на Сорбона во септември 2017 година, не е променета. Насоката е јасна, Унијата треба да биде обновена за да овозможи приклучување на нови членки. Се работи за двојна активност долгорочно гледано, која бара одредено време и напор, изјави за Фактор францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, за ставот на францускиот претседател Емануел Макрон дека земјите од Западен Балкан имаат мала перспектива за брз влез во Европската Унија.

Илјадници луѓе се собраа во Париз по повод 1 мај- Денот на трудот. Иако Меѓународниот ден на трудот во главниот град на Франција беше под силни безбедносни мерки, сепак демонстрантите се судрија накратко со полицијата.

Во немирите полицијата употребила и солзавец, објавија европските медиуми. Демонстрантите носеле синдикални знамиња и жолти елеци.

Венецуела никогаш нема да се предаде на империјалистичките сили, изјави утрово венецуелскиот претседател Николас Мадуро. 

„Првата назнака за обид за државен удар ја откривме во вторник, околу 04.15 изутрина. Предводник беше фашистот Леополдо Лопез, но ние одговоривме со челични нерви, максимална будност и ефикасно дејствување“, рече Мадуро.

Лопез е политички ментор на смаопрогласениот привремен претседател на државата, Хуан Гуаидо. То по затворската казна беше во домашен притвор, а на денот на обидот за преврат, побегнал од домашниот притвор и стоеше покрај Гуаидо кога тој го повика народот на востание. Лопез, потоа побегна во чилеанската, а потоа во шпанската амбасада во Каракас.

Слично

Поврзани вести