ФОКУС НА ДЕНОТ: Заев ќе се заложи за аерозагадувањето, Јанчев објасни зошто се појавил на трибина на СДСМ
Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на пратенички прашања во Собранието рече дека при формирањето на владините тимови против загадувањето на воздухот седудм советници од неговиот кабинет ќе ги координираат активностите на инспекторатите.
- Тие ќе се координираат со сите инспекторати, не само со тој за животна . Порано екологијата беше табу-тема, а сега работиме на гасификацијата и онбовливите извори на енергија кои на долг рок ќе дадат резултати. Имаме буџет со конкретни мерки кои даваат придонес во таа борба, рече Заев.
На ова опозицискиот пратеник Драган Данев го запраша зошто овие тимови не биле формирани уште во 2017-та.
Митко Јанчев, поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, денеска изјави дека синоќа присуствувал на тринината „На прав пат“ на владеачкиот СДСМ затоа што на истата се зборувало за развојот на Кавадарци.
Градоначалникот на Кавадарци на вчерашната трибина доби и специјален поздрав од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за неговото присуство во првите редови од публиката. Јанчев вели дека така правел и премиерот Зоран Заев кога бил градоначалник на Струмица, одејќи на настани на претходната власт.
-Вчера на трибината беше соопштено дека ќе се гради обиколница околу целиот град, што е од голема важност за сите нас, тоа е стратешки проект за Кавадарци. Ќе се тргнат тешките теретни возила од градот, тоа е голем бенефит за сите. Одобрен е проектот за граничниот премин Пуљевац, што ќе има големо влијание врз локалниот економски развој. Околу гасификацијата, ќе треба да се почека, за што ете, јас лично би упатил критика. И би порачал дека мое како градоначалник е да барам проекти за доброто на нашиот град, без оглед на тоа кој ја води нашата Влада. Недозволиво е да се дискутираат теми од голема важност за функционирањето на градот, а градоначалниците поради партиски причини да не ги следат истите – вели Јанчев за „Фокус“.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до до кривичниот суд достави обвинение против поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, како и против уште десетмина други.
Поранешниот претседател на ГРОМ е обвинет за кривичните дела„злоупотреба на службената положба и овластување“ и „бесправно градење“ затоа што во периодот од 2011-2017 година повеќекратно направил незаконски постапки за јавна набавка и за легализација на времени објекти од деловен карактер, како и приватизација на градежно земјиште сопственост на државата.
Институциите им го одземаа детето на родителите кои во 2016 година беа усреќени од Боки13 а причината за тоа како што информирале од Центарот за социјални работи во Свети Николе е груба злоупотреба и занемарување на децата од страна на родителите.
Експресна реакција следеше по приказната и видеото кои во јавноста ги пласираше Досие.мк а во кое јасно се гледаше дека татко тепа дете на немилосреден начин на автобуската станица во Штип.
Таткото кој беше подготвен да работи каква било работа со цел да обезбеди пари да изгради нова куќа и мајката која има дете со друг маж, откако добија стан пред три години од шоуменот кој сега е зад решетки Бојан Јовановски, останале без двете деца.
Текстилните работници да работат по 8 и пол часа, за да може паузата од половина час да им биде платена, бараат сопствениците на текстилните фабрики здружени во Текстилниот кластер. Во писмо кое го испратиле до министерките за труд и социјална политика и за финансии Мила Царовска и Нина Ангеловска, но и до вицепремиерот Кочо Анѓушев образложуваат дека сегашното работно време од осум часа односно од ефективни 7 и пол часа, како што велат, затоа што работниците имале и платена пауза, ги правеле фабриките неконкуретни во однос на тие од регионот.