ФОКУС НА ДЕНОТ: Заев ќе оди кај Меркел, ВМРО-ДПМНЕ бара избори
Во моментов приоритет на Владата е да ги изгради своите позиции како да настапи во правец на добивање Датум за преговори од ЕУ по 15 години чекање, истакна денеска премиерот Зоран Заев, коментирајќи го прашањето дали е дефинирана целосно реконструкцијата што се очекува кај министерскиот состав и кај директорите.
– Реконструкцијата е поприлично готова од директорски до министерски места. Овие денови речиси секој час добиваме нови информации. Очекувам потврда за средба со германската канцеларка Ангела Меркел. Следната недела ќе бидам во Берлин за нашата економска агенда. Во зависност од сите информации што ги добиваме така и ќе постапуваме во делот на промените што треба да се случат во извршната власт – изјави Заев.
На премиерот не му се брза со објавувањето на реконструкцијата, нидејќи како што вели тој, се чека да се види како ќе биде исходот од доделувањето на датумот, бидејќи ако истиот не биде добиен, во тој случај нема да има потреба од тоа, односно ќе следува враќање на мандатот и предвремени парламентарни избори.Oд ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека е време да се да се формира техничка влада која ќе организира предвремени парламентрани избори во земјата.
Велат дека на место на според нив неспособниот премиер, Зоран Заев треба да дојде техничка влада.
„Република Македонија доби десет позитивни препораки и заслужува да ги почне преговорите со Европската Унија“; вели Наум Стоилковски.
„Бомбите“ на „Ел Чека“ не се од СДСМ, вели премиерот Зоран Заев.
Тој рече дека сите „бомби“ стопроцентно се предадени во Специјалното јавно обвинителство. За „бомбите“ на кичевецот гарантира дека не се од неговата партија.
„Очекувам истражните органи да откријат од каде потекнуваат и да постапат согласно законот. Воспоставивме закон и дел од Пржинскиот договор беше и оваа законска регулатива што е денеска е на сила и по неа треба да се постапува“ – изјави Заев.
Премиерот вели дека „бомбите“ во најголем дел се однесувале на опозицијата, граѓанскиот сектор, бизнисмените, верските заедници и другите чинители, како и за тогашната власт.Специјалното јавно обвинителство демантира дека прислушкуваните разговори кои ги објавува Ел Чека на социјалните мрежи би можело да потекнуваат од оваа институција и дека вчерашната изјава на специјалната обвинителка Катица Јанева е погрешно протолкувана. Од таму не наведуваат дали ја поседуваат истата содржина од прислушкуваните материјали.
