ФОКУС НА ДЕНОТ: ЗАЕВ: Европа е на потег – „Ел Чека“ не мирува - Три нови патарини
*ЗАЕВ : На потег е Европа да покаже дека стои на зборот
Претседателот на Владата Зоран Заев денес и утре во работна посета на Брисел. Заев по пристигнувањето беше топло пречекан од Претседателот на Европската комисија Јункер.
Премиерот Заев на пресконференцијата потенцираше дека земјата ги исполни задачите и дека на потег е Европа да покаже дека стои на зборот.
„Отворањето на преговорите е единствената гаранција за одржување на на домашната стабилност и реформскиот импулс во Северна Македонија со позитивен импулс на целиот регион“, рече Заев.
*Црвенковски: ЕУ ќе го изгуби кредибилитетот доколку не одреди датум
Македонија заслужува да биде дел од европското семејство, државата направи многу болни отстапки, Европската унија е ставена на тест, се само дел од заклучоците на Регионалната конференција, чиј домаќин беше поранешниот претседател Бранко Црвенковски.
„Македонија направи многу болни отстапки , го потпиша преспанскиот договор, доколку ова лето не добиеме датум за преговори тоа ќе биде доказ за отсуство на лидерство и визија во ЕУ“, рече Црвенковски.
*Пендаровски: Од ЕУ очекувам неодложно да одредат датум за преговори
Како претседател на Северна Македонија, од Европската унија очекувам лидерство и решителност, очекувам неодложно да го одредат датумот за да ги започнеме преговорите за членство. Тое е добитна комбинација за сите засегнати страни, порача претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на регионалната конференција „Проширувањето на Европската унија на крстопат“ на Подгоричкиот клуб, што се одржува денеска во Скопје.
ЕУ, посочи Пендаровски, треба да остане доследна на високите очекувања што ги создаде кај граѓаните.
Лицето Ел Чека не престанува да ја бранува јавноста.
Со нов Фесјбук статус овој пат испраќа порака до премиерот Заев, а застанува во одбрана на обвинетите за случајот Диво Насеље.
На Фејсбук, Ел Чека му упатува предупредување дека нешто им се подготвува на осудените пишувајќи дека не треба да ја јадат затворската храна ниту да ги напуштаат затворските ќелии.
* Муслиманите го слават Рамзан Бајрам - празник кој го слави духовното и телесното прочистување
Муслиманските верници во Македонија и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам.
Рамазан е најсветиот месец во исламот во кој е објавен Куранот во 610 година. Празникот Рамазан Бајрам се слави по завршувањето на светиот месец. За цело време на светиот месец се држи строг пост. Бајрам е празник кој го слави духовното и телесното прочистување.
По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии се служи утрински Бајрам-намаз.
Поголемиот дел верници од исламска вероисповед овој празник го слават три дена.
*Додека го чекаме автопатот Миладиновци-Штип ќе никнат три нови патарини
Додека граѓаните се уште се држат во неизвесност дали овој петок, неделава, до среда или кој знае кога ќе се пушти официјално во употреба новиот автопат Миладиновци – Штип за кој државата плати 200 милиони евра, ќе никнат нови три патарини.
На владина седница е одлучено да се изградат патарини на автопатите кај Демир Капија – Гевгелија, Миладиновци – Свети Николе и Свети Николе – Штип
*Кои се главни фаци на македонскиот банкарски пазар?
Петте најголеми банки имаат 74,5 отсто во вкупните средства на банкарскиот пазар, пласираат 75 отсто од кредитите и чуваат 78,4 отсто од депозитите на целиот банкарски пазар. Ова е сликата за тоа колкави се големите и какви се средните и малите во банкарскиот систем во кој има вкупно 15 банки
Македонскиот банкарски сектор лани забележал солиден раст во трите најважни категории: вкупни средства, вкупни депозити и вкупни кредити, покажуваат официјалните податоци за минатата година. Најголеми играчи на банкарската лига и понатаму се „Комерцијална банка“, „Стопанска банка Скопје“ и НЛБ Банка, а во големата петорка се уште „Охридска банка“ (која наскоро ќе стане дел од Шпаркасе банка“ н.з.) и најбрзорастечката во големата петорка „Халк банка“ која лани и го зеде четвртото место на „Охридска банка“.
*(ВИДЕО+ФОТО) Вардарци на средби со државниот врв
Шампионите на Европа, Вардарци денеска беа на прием во Владата. Тимот беше на гости и кај шефот на државата Стево Пендаровски.
Членовите на тимот на Вардар, беа пречекани во Владата од премиерот Зоран Заев кој им ја честиташе титулата европски шампион.
Заев на средбата истакна оти РК„Вардар“ докажале дека преку пријателството, професионалност, искуството и посветеност, успеале да го направат народот толку среќен.
„Вие сте гордост на целата наша татковина и на сите граѓани и верувам дека сите ние ќе продолжиме да бидеме мотивација за идните генерации“, рече премиерот Заев на средбата.
