Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Заев ангажирал советници кои имаат врски во Франција, нови „бомби“ за политичарите

ФОКУС НА ДЕНОТ: Заев ангажирал советници кои имаат врски во Франција, нови „бомби“ за политичарите

Зоран Заев, премиерот на Македонија, денеска од собраниската говорница за време на пратеничките прашања одговори дека „оваа Влада има недоволен процент на реализација на капитални инвестиции затоа што не гради споменици“.

Шефот на Владата беше искритикуван во законодавниот дом дека и оваа година динамиката на капиталните инвестиции е многу помала во однос на проектираната сума на пари. По првите четири месеци таа е помала од 10 отсто од предвидената замисла, слично како и ланската година.

„Капиталните инвестиции не се трошат затоа што не градиме споменици и жални врби. Изведувачите треба да забрзаат за да исплатиме. За патишта, железници, гасификации е предвидена дури 87 отсто од сумата, а 12 отсто за градинки и училишта“, одговори Заев.

Заев одговарајќи на пратеничко прашање денеска наведе дека извесниот Љупчо Зафировски е ангажиран, бидејќи имал контакти со кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон. Ваквиот одговор следи откако денеска беше објавено дека овој советник анонимен за јавноста е ангажиран со 75.000 денари месечна плата за „Олеснување на процесот на пристапување на РСМ кон ЕУ, помагање во остварување на стратешките приоритети и определби на Владата во однос на евроатлантските интеграции“. 

- Љупчо Зафировски е од приватниот сектор. Има контакти со дипломатскиот дел во кабинетот на Макрон. Франција има многу малку информации за Македонија. Ги добива само од амбасадата, а треба таму да пласираме повеќе информации. Знаеме дека подолг период Франција беше со прилична резерва кон проширувањето. Добробитно е секогаш да имаме ангажиран човек таму. Тој живее во Париз. Живото е поскап во Франција и затоа зема 75.000 денари. Самиот кабинет и службите му ја одредуваат платата, јас прв пат слушнав за оваа сума, рече Заев од собраниската говорница.

За ангажирањето на Александар Ружин како надворешен советник рече дека и тој има свои конекции и познанатсва во франција и земјите од Бенелукс. 

Доцна синоќа  Ел Чека или Ш.А. на својот фејсбук-профил објави нови прислушкувани разговори за кој тврди дека се од поранешниот вицепремиер Муса Џафери, екс министерот за правда и актуелен градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, и екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Инаку во „бомбите“ се зборува за албанскиот јазик а се споменуват и Штип, Белград и УДБА како и сменетиот директор на Гинекологија Ваљон Беља. Главна тема на разговорот што се води меѓу нив е и како да го намалат медиумскиот интерес за барањето на македонските власти за екстрадицијата на дел од учесниците во настаните во Диво Насеље.

Профилот Ел Чека тврди дека бомбите се добиени од тројца членови на Кумановската група која лежи во затворот Идризово: Сами Укшини, Вал Зека и Шек Халими. На својот профил Ел Чека вели дека се слушнал со еден од осудените за Диво Насеље - командант Соколи и дека се договориле да ги објави сите „бомби“ кои ги има.

Слично

Поврзани вести