Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Власта задоволна од одлуката на Бундестагот, докторка вербално нападната

ФОКУС НА ДЕНОТ: Власта задоволна од одлуката на Бундестагот,  докторка вербално нападната

Германскиот Бундестаг изгасал поддршка и дал зелено светло дека Северна Македонија и Албанија може да ги почнат преговорите за членство во Европската унија, пишуваат и медиумите од регионот.

Тие образложуваат како се гласало и дополнуваат дека за предлогот позитивно гласале 476 пратеници, додека против биле 122 а воздржани биле само 16.

Комесарот во заминување и проширување и соседска политика во ЕУ Јоханес Хан ја поздравил оваа одлука на германскиот Будестаг.

Се наведува дека тоа се смета за важен сигнал на една од најважните и највлијателни членки на Европската унија, не само за Македонија и Албанија, туку и за Западен Балкан.

Докторката и дежурниот медицински персонал синоќа пред полноќ биле само вербално нападнати, тврди Христијан Костов, директорот на ГОБ „8 Септември“, откако претпладнево пред неговата канцеларија се собраа вработени лица во болницата и синдикалци барајќи поголема заштита. Ваквиот епилог следувал откако синоќа роднини на починат пациент упаднале во одделението за интензивна нега и делувале агресивно, по што обезбедувањето било принудено да повика полиција.

Меѓу целата мешаница, роднина на пациент, Џ.Ф. (40) вербално нападнал докторка, потврдија претходно и од МВР. Инцидентот се случи само една недела по протестот на медицинските лица на кој беше побарано да запре насилството врз лекарите и вработените во здравството и да се најде системско решение за овој повеќегодишен проблем.

Косотов наведе дека вчера во во 14 часот дежурната екипа ја спровела целата дијагностика и третман на починатото лице, но поради влошената состојба на пациент кој подлежел на хемодијализа, истиот починал. Вербалниот конфликт настанал во 23 часот. 

По вчерашната одлука на Бундестагот за тоа Германија да и го одобри почетокот на преговорите на Македонија со Европската унија, се јави и францускиот амабасадор во Скопје, Кристијан Тимоние, кој најави дека и претседателот на Франција, Емануел Макрон, ќе даде зелено светло на земјата да и биде доделен долгоочекуваниот датум за отворање на поглавјата на 15 октомври.

-Секој со својот систем. Ние го очекуваме зеленото светло од нашиот претседател на Републиката, рече Тимоние во Битола, одговарајќи на новинарско прашање.

Амбасадорот рече дека Франција ќе ја следи одлуката на Германија, бидејќи нивните политики и ставови за земјите од Западен Балкан се синхронизирани.

- Како и секогаш, ние многу споделуваме со нашите германски партнери за оваа тема. Имаме добар став кон вашата земја и кон сите напори што таа ги направи на регионален план. Ние, Французите и Германците многу добро знаеме дека треба уште многу, многу работа за реформите што се на хартија да станат реформи во реалност, тврди дипломатот.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција издало наредба за следење на Катица Јанева со посебни истражни мерки две недели пред да биде уапсена. Висок извор од истрагата ја потврдува оваа информација за ТВ24.

Обвинителството ги чека тие материјали да бидат декласифицирани и од наредната недела ќе и бидат дадени на увид на одбраната и на Јанева.

Димитрис Јанакакис е првиот амбасадор во историјата кој Грција го испраќа во Скопје, откако денеска дипломатот му ги предаде акредитивните писма на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски. Новата страница се испишува со воспоставувањето на дипломатски односи на Македонија и Грција на ниво на амбасади по потпишувањето на Преспанскиот договор.

Слично

Поврзани вести