Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Уставни кочничари, снег насекаде, загрижениот Груевски се распишал на Фејсбук

ФОКУС НА ДЕНОТ: Уставни кочничари, снег насекаде, загрижениот Груевски се распишал на Фејсбук

И денес нема епилог на уставните измени. Кочничари се јавуваат од сите страни. Барем така викаат дел од експертите и професорите, но и власта.

Беса не попушта во однос на ставовите за уставните измени, но тука е и Заев со тврд став. 

Опозицијата преку протести кажа дека нема да гласа ниту да поддржува никакви измени на Уставот а лидерот Мицковски вели дека име со копче не се брише.

И додека уставната неизвесност трае, надвор снегот не престанува.

Вее ширум земјава, ама снежни невремиња има и ширум Европа. Лавини , несреќи и илјадници заробени.

Во Македонија стабилизација од петок. А временската прогноза може да ја прочитате овде.

И на денот кога поминаа точно два месеци од кога бегалецот Никола Груевски замина од Македонија и доби политички азил во Унгарија тој се јавува загрижен од Будимпешта и тоа пак на Фејсбук.

Во најновиот статус Нилола Груевски пишува како уставните измени биле историски одлуки.

Груевски тврди дека е можен подобар и пофер договор. 

„Не заборавајте дека ставате „црн печат“ на една 140 годишна крвава битка за македонското национално прашање, пишува Груевски. 

Слично

Поврзани вести