Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Укинат куќниот притвор на Мијалков, ќе се попишуваат и отселените

ФОКУС НА ДЕНОТ: Укинат куќниот притвор на Мијалков, ќе се попишуваат и отселените

Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, се „ослободи“ од првиот куќен притвор откако Врховниот суд му го укина со решение за случлајот „Империја“. Засега Мијалков останува дома, откако вчера му беше одреден куќен притвор за случајот „Титаник 2“ со укинување на неговиот престој во истражниот затвор Шутка.

-Поради зголемениот интерес на медиумите во врска со предметот познат под името „Империја“, ја информираме јавноста дека Врховниот суд на Република Северна Македонија на 27 март 2019 година, донесе решение по предметот заведен под ВКЖ1.бр.19/2019, со кое ја уважи жалбата на бранителот на обвинетиот С.М., адвокат Љупчо Шврговски од Скопје и решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ.бр.116/19 од 28.02.2019 година го преиначи на начин што ја укина мерката куќен притвор и го пушти обвинетиот да се брани од слобода веднаш по приемот на решението.

Решението е донесено согласно начелното правно мислење утврдено на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија одржана на 30.01.2019 година, а бидејќи мерката куќен притвор спрема обвинетиот С.М. е определена по барање на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, кое нема својство на овластен тужител во оваа постапка.

На пописот во 2020 година податоци за отселените, односно за нивно евидентирање ќе се користат и од нивни роднини во земјата, рече денеска Апостол Симовски, директорот на Државниот завод за статистика.

Покрај тоа што македонските државјани кои живеат и работат во странство ќе може да се попишат на веб страница на заводот, податоци за нив ќе се користат од нивни блиски роднини, членови на домаќинствата кои се наоѓаат во земјава.

– Ќе се обидеме на секој начин да ги опфатиме што е можно повеќе лицата кои се надвор, бидејќи тие информации ни се исклучително битни, со оглед на тоа што Македонија како и сите останати земји во регионот, за жал е емиграционо подрачје и сите сме свесни дека голема популација отиде надвор и сакаме да добиеме информации за нив. Тоа е единствената цел со пописот – рече Симовски.

Вели дека  јавноста не треба да стравува од можни злоупотреби бидејќи, како што вели тој, ќе се користи комбиниран метод на податоци од сите можни регистри.

На претседателските избори во април, право на глас ќе имаат 1.808.131 гласач. На 21 април ќе биде одржан првиот круг на гласање, а истовремено граѓаните на Охрид, Дебар и Ново Село ќе избираат градоначалник.

1.726.696 граѓани ќе гласаат на денот на изборите, а останатите се наоѓаат на посебен избирачки список и ќе гласаат ден претходно.

Јавниот увид во избирачкиот список заврши и до ДИК  се поднесени 50 барања за корекција во списокот. Поради различни основи како не поседување на важечки личен документ, промена на податоци, одземена деловна способност, нема да бидат  впишани во списокот, освен 3 лица за кои е констатирано дека се дел од избирачкиот список.

Слично

Поврзани вести