Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: УЈП поднесе кривични за „Рекет“, сите очи вперени кон Блискиот Исток

ФОКУС НА ДЕНОТ: УЈП поднесе кривични за „Рекет“, сите очи вперени кон Блискиот Исток

Управата за јавни приходи денеска ги извести медиумите дека се изготвени три кривични пријави за правни лица во случајот „Рекет“.по извршените контроли во изминатиот период, 

Станува збор за невладината организација на првообвинетиот Бојан Јовановски позната како Меѓународен сојуз, за Томато продукција и БЈМ медиа Груп, која ја основаше 1ТВ и чиј сопственик е таткото на Боки 13, Миле Јовановски.

УЈП откако Обвинителството ја отвори истрагат за „Рекет“ истовремено го испитуваше во текот на есента работењето на субјектите поврзани со Боки 13. Самоиницијативно беше спроведена даночна контрола на нивното работење, односно дали за платите, хонорарите и за другите исплати бил плаќан данок.

Не гледам што е тврдо во тоа да си ја браниме позицијата која што сме ја застапувале. Ние не сме Заев да изјавиме нешто па потоа да си ја погазиме истата изјава. Со 80 пратеника се менува Уставот, а не Преспанскиот договор, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.

Кривичниот суд побара од Адвотатската комора, МВР, но и Обвинителството да преземат соодветни мерки и да ги истражат, како што велат од таму, елементите на закани и притисоци упатени кон судијата – поротник Лилјана Ивановска Кочкова од страна на адвокатите на поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, и на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во случајот „ТНТ“.

Во следните неколку денови возачите ќе точат горива по цени кои бележат пад од половина денар.

Регулаторната комисија реши денеска да ги намали цените на бензините, дизелот и но и на екстра лесното масло за домаќинства.

Турскиот и рускиот претседател, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин свечено го одбележаа пуштањето во работа на гасоводот Турски тек кој ќе го пренесува рускиот гас до Европа преку Турција. 

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ниту еден Американец не е повреден во денешниот ирански ракетен напад на две американски бази во Ирак и најави нови санкции за Иран.

Вели дека Иран попушта. Кажа дека убиството на иранскиот генерал Сулејмани беше решителна акција да се запре безмилосен терорист. Tрамп вели дека Сулејмани планирал нови напади и дека тие го спречиле во намерата.

„Ние елиминиравме еден од најголемите светски терористи и Американците треба да бидат благодарни и среќни поради тоа“, кажа Трамп. 

Тој ги повика европските земји да го напуштат нуклеарниот договор со Иран, опишувајќи го како глупав и побара да се преговара за нов договор.

Иран гаѓал песок за да избегне американски одговор. 

„Блумберг“ пишува дека Иран сакал да избегне американски жртви, па проектилите испалени како одмазда за убиството на генералот Сулејмани, погодиле песочни дини, околу базата Ајн ел Асад. 

Повикувајќи се на неименувани американски високи претставници, „Блумберг“ наведува дека, инаку прецизните проектили, погодиле песочни дини. 

Луксембург е земја во Европа која има најголем број на странски работници. Ова е дестинација каде се вработиле и дел македонски граѓани, но на печалба во Луксембург одат и Германци.

Државата ќе ги помогне македонските спортисти со само 55.000 евра во организацијата на нивниот настап на Летните олимписки игри во Токио 2020, донесена е предновогодишна одлука од страна на Владата.

Професорот со уникатни претприемачки квалитети и златна рака за бизнис во период од 20 години има импозантна кариера: од асистент на факултет до вицепремиер кој беше алфа и омега во креирање на економските политики. 

Окрупнувањето на банкарскиот сектор има позитивно влијание, бидејќи така се создаваат големи играчи кои можат да понудат поголема поддршка за економијата. Поместувањата на македонскиот банкарски пазар ќе донесат корист за корпоративниот сектор, но и за населението и за целата економија, бидејќи ќе значат и поголема конкуренција и борба за клиенти.

Неколку портали пренесоа дека министерката за финансии Нина Ангеловска испратила, како што велат, скандалозен допис до вработените во Министерството за финансии, со кој им забранува да комуницираат со дополнителната заменик-министерка Гордана Димитриеска-Кочоска.

Слично

Поврзани вести