ФОКУС НА ДЕНОТ: Тимоние вели дека не е само да се почнат преговори, тепачка на расправа за ДУП-от за Трнодол
За македонскиот јазик се огласија уште две важни фигури од соседна Бугарија.
Ангел Димитров, копретседател на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и едукативни прашања помеѓу Бугарија и Северна Македонија во „Утрешниот блок“ на БНТ рече дека современиот македонски јазик настанал како комбинација од две-три месни наречја со позајмени букви од српското писмо.
- Вистината е дека во 1944-1945 година две комисии се состануваат за да реконструираат, врз основа на 2-3 локални наречја, една нова јазична конструкција. Изработен е нов систем на пишување што позајмува многу српски букви. Целта на овој комитет е да го разликува јазикот од литературниот бугарски јазик. Некои членови на комисијата се спротивставуваат. Ова е она што го создава она што се нарекува денешен македонски јазик, изјави Димитров.
Тој рече дека комитетот не се занимава со јазични прашања. Тој додаде дека не треба да гледаме на вакви специфични настани, затоа што во последно време има вишок на напнатост меѓу двете држави. Ние повеќе мора да се запрашаме кои се причините.
Нашиот главен проблем е дрското фалсификување на историјата од македонската страна, вели во интервју за радио емисијата „Фокус - Ова е Бугарија“ Андреј Ковачев, еден од највлијателните политичари во соседна Бугарија, кој е пратеник на владејачката ГЕРБ во Европскиот Парламент, и во исто време е потпретседател на Европската Народна Партија (ЕПП).
Пренесуваме дел од интервјуто на Ковачев дадено пред два дена, кое за одредени кругови, е прилично остро.
„Навистина оваа тема е важна и веќе е многу вознемирувачка, затоа што од другата страна изгледа дека не разбираат за што зборуваме. Не зборуваме за тоа како тие сега се дефинираат или како сега го дефинираат нивниот јазик. Проблемот е во тоа што тие сакаат да го претставуваат нивниот јазик или нормата за која зборуваат, како секогаш постоечки во претходните векови, како македонски етнички идентитет што постои во вековите наназад и јазик што постои во вековите различен од бугарскиот јазик.
Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние како и многу пати досега денеска апелираше дека мора да се работи за да се почнат преговори со Европската Унија.
„Нашата цел е да стремиме кон тоа да креираме независна Европа која што ќе соработува со сите земји членки“, изјави денеска францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние.
Тој вели дека не е целта само да се почнат преговори, туку сите точки треба да се исполнат.
„Отворањето на преговори за членство во ЕУ треба да е одраз на заслуги за да има успех и за вас и за Европа“, порача Тимоние.
Изби тепачка на јавната презентација на ДУП-от во Карпош за делот кај Трнодол.
Расправата е одложена откако настана тепачка помеѓу насобраните граѓани.
Луѓето велат дека имало лица кои не биле од Трнодол, односно 15 од Жданец и околу 50 лица од други места, кои биле провокатори.
Полицијата прави записник за физичката пресмета.
Имаат дебели профити ама кајмакот е кај големите.
Домашните банки годинава за девет месеци заработиле 94 милиони евра – сепак дури 91,7 милиони евра се пари кои како добивка ги прокнижиле големите банки во државата.
Владата со измена на уредба им овозможи на странските инвеститори во Македонија да се стекнат со македонски пасош и со влог од 200.000 евра со цел да се привлече поголем број на инвестиции во земјата и да му се даде дополнителен стимул на економскиот развој.Лани Свети Николе имал една фирма со приход што надминал 10 милиони евра, уште три фирми со приходи еднакви или поголеми од 5 милиони евра и уште десетина фирми чии приходи лани надминале 1 милион евра
Кои се 900 најбогати Македонци, чии годишни приходи изнесуваат најмалку 81 илјади евра, а често и многу повеќе.
